Мелничарите не се во состојба да исплаќаат повеќе од 9 денари за килограм пченица

Мелничарите не се во состојба да исплаќаат повеќе од 9 денари за килограм пченица  што не  ги исполнува параметрите за квалитет согласно Правилникот –  реагираат од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.
Но, уверуваат дека ќе ја испочитуваат  договорената цената од 11 денари за килограм помеѓу производителите и преработувачите, доколку критериумите бидат исполнети.
Во писменото соопштение до јавноста велат дека увозот на евтино брашно од соседството со цена од 14 денари по килограм, го уништува  секторот во македонскиот агрокомплекс.
Цената од 11 денара значи 10 денари за килограм откупена пченица без ДДВ и транспорт. Секоја друга пченица, која ќе биде понудена за продажба, а нема да исполни макар и еден параметар согласно Правилникот, ќе се откупува по 8, односно по 9 денари за килограм, без ДДВ и транспорт.

Минатата недела беше дефинирана минималната откупна цената на пченицата од 11 денари за килограм со превоз и ДДВ – цена  што  дел од земјоделците ја оценија како прифатлива, а дел најавија дека ќе одбија да ја предатат пченицата.

Извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести