Аргентинскиот фудбалски репрезентативец и член на Барселона Лионел Меси најави враќање на фудбалските терени на 11 јануари следната година за кога е закажано дербито со Атлетико Мадрид. Според медиумите во Шпанија, Меси во целост ја санирал повредата на бутниот мускул и следниот период ќе работи на подигнување на кондициската состојба.
Тренерот на шпанскиот шампион Херардо Мартино не сака ништо да ризикува со предвремено враќање на Меси во првиот состав и нема да смета на Аргентинецот за средбата со Елче на 5 јануари 2014. Каталонците и Атлетико се двете водечки екипи на табелата во Примера со по 46 освоени бодови.


