Меси осуден на затворска казна од 21 месец

Врховниот суд на Шпанија ја потврди одлуката на Судот во Барселона дека фудбалерот Лионел Меси треба да одлежи казна од 21 месеци затвор за даночно затајување, пренесуваат шпанските медиуми.

Одбиена е жалбата на аргентинецот од минатата година, додека неговиот татко Хорхе доби поблага казна од 15 месеци, откако тие наводно затаиле 4,1 милиони евра во периодот меѓу 2007 и 2009 година.

“Јас бев посветен на фудбалот, верував на татко ми и адвокатите овластувајќи ги да се справат со овие работи. Не помислив дека би можеле да ме измамат и не верувам во тоа”, рече Меси во судот.

Меѓутоа, ако претходно немале сличен прекршок и ако казната изнесува помалку од две години, според шпанскиот закон, пресудата може да се отслужи надвор од затворот.

Инаку, адвокатите на Меси подготвуваат нова жалба на оваа одлука.

Најнови вести

Најново од Спорт, Топ Вести

Најчитани вести