Поточно на 5. март 2013 година во Воено-медицинската болница во Белград, на Мирјана ѝ бил пресаден бубрег, кој го донирал нејзиниот соприг и потоа нејзиниот живот радикално се променил.
За првпат во Србија, со папароскопски метод лекарите со помош на експерти од Индија на брачниот пар им била извршена операција и бубрегот од мажот ѝ бил трансплоатиран на жената.
– Поради стресовите и генетските предиспозиции бубрезите ми откажаа во 2011. година. Одлуката на лекарите ми падна многу тешка. Тие мораа да ми ги отстранат двата полицистични брези. Секој втор ден, јас бев принудена да одам на дијализа. Мојот живот се претвори во пекол. Многу сум му благодарна на сопругот Милорад кој ми даде бубрег им го спаси животот – вели Мирјана.
Таа и Милорад се запознале во 1988. година на одмор во Будва, а една година подоцна тие застанале и пред матично.
– Јас сакав да ѝ помогнам на мојата сопруга и не се предомислував. Поради нејзините анализи, прегледи и операции јас често морав да отсуствувам од работа. Не ми беше важна воопшто мојата болка од операцијата, а раните со тек на време заздравија – вели Милорад .
]]>


