Михаел Шумахер го одби Лотус

Седумкратниот шампион во Формула 1 Германецот Михаел Шумахер ја одби понудата на тимот Лотус да настапува за нив на последните две трки од шампионатот. Како што е познато поради операција на грбот во болидот на Лотус нема да може да седи Финецот Кими Раиконен и најверојатно местото на Раиконен ќе го заземе неговиот сонародник Хејки Ковалаинен.

Последните две трки од шампионатот во Формула 1 се возат во САД (17.ноември) и во Бразил (24.ноември).

Најчитани вести