Нормален е овај Латас бе ? Што имаш ти направено повеќе од Кире Лазаров за Македонија? Тоа што по цели деној јадиш лајна за Заев и СДСМ, тоа го рачунаш како свој придонес за Македонија ?
За разлика од вас господине Латас, Лазаров има направено многу за оваа репрезентација, и за афирмација на Македонија, толку пати не израдувал, да не го споменувам неговиот коментар на неговиот фејсбук профил кој гласи “Имам право да си ја сакам државата, Македонија е на Македонците”, да не ги споменувам клучните голови кој ни донеле доста победи и успеси. Зар има потреба да споменам, дека е најдобар стрелец на вечната листа на лига на шампиони, најдобар стрелец во историјата на светските и европските првенства, најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација, и што уште не. Да во право сте кога ќе речите дека промашува пенали, и избрзани шутови, но постигнува 10 пати повеќе голови, и асистира…
Фактите сами зборуваат. КИРЕ ЛАЗАРОВ е најдобриот капитен и репрезентативец, што некогаш го имала Македонија во ракометот, па можам слободно да речам и најдобар капитен и амабсадор општо во сите спортови.
Бриф.мк избор: Фејсбук статус на фан страната на Тони Михајловски
]]>


