Судот одлучи поранешниот дирекор на УБК, Сашо Мијалков, да оди во притвор до правсилноста на пресудата. Судот одлучи Мијалков да оди во притворот во Шутка,откако обвинетелството побара тој да биде обезбеден поради сомневање за можно бегство.
Ова мерка ќе ја замени мерката куќен притвор што важење досега, откако „притвор“ за него побара обвинителката Ленче Ристоска по изрекување на првостепената пресуда.
Притворот тој ќе го издржува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
„Се укинува мерката куќен притвор. Се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, но најдолго 60 дена. Против него е поднесен обвинителен предлог, па согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), притворот може да трае најмногу 60 дена“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.
Мијалков денеска беше осуден на казна затвор во траење од 12 години за предметот „Таргет Тврдина“.
]]>


