Милан демантира продажба на Балотели

Италијанскиот фудбалски клуб Милан денеска соопшти дека нивниот најдобар играч Марио Балотели не е на продажба и дека шпекулациите за негов трансфер во зимскиот преоден рок не се точни.

– Ги негираме изјавите кои му се припишуваат на претседателот Силвио Берлускони дека нашиот напаѓач ќе замине од клубот и повторуваме дека Балотели нема да биде ставен на трансфер листата, соопштија денеска од Милан.

„Супер Марио“ во Милан дојде минатиот јануари од премиерлигашот Манчестер Сити за сума од 20 милиони евра. Во дресот на „росо-нерите“ досега има одиграно 33 натпревари и постигнато 21 гол.

Најчитани вести