Миле: Че испратам мислење до Зврле дека за 25 милиони евра не се оди во затвор

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во изјава за медиумите го откри планот за излез од длабоката политичка и институционална криза, посебно во однос на обвинувањата поткрепени со снимени разговори, а според кои тој и неговите другарчиња извршиле тешки кривични дела.

– Јас цело време мислев дека нема законска можност, ама по консултации со самиот себеси утврдив дека всушност има. Затоа, почитувани граѓани, јас решив да дам мислење. Че му дам на Зврле мислење дека за 25 милиони евра не се оди во затвор. Значи, јас само мислење давам и јас немам одговорност, одговорноста е кај тој што че го прифати мислењето. Мислењево е гола вода. Никаква одговорност нема некој за мислење што дал. Ако треба и на состанок че се видиме со Зврле и че му објаснам све. Море не му објаснувам, че си чутам јас, че кажам како мислиш, така – изјави Миле.

Новинарите бараа од Миле да појасни какво мислење ќе даде и според кој законски основ.

– Абе мислење е мислење – да бе ја така мислам. Од кај да знам по кој законски основ. Јас давам мислење, па ти не мораш да спроведиш ако јас така мислам, така? Јас не сум Собрание, па да дам автентично толкување. Јас давам мое мислење. Моето мислење може да биде вакво-онакво, погрешно-правилно, ама ете така сум мислел јас. Тој нека си цени дали е тоа законски или не е законски – рече Миле.

Тој упати и апел до новинарите.

– Само вие не му го кажувајте ова на Зврле. Ако му го кажете вака, тој че се исплаши, че рече – ааа, штом е така, ја да не испаднам крив и нема да… че се повлече. Битно јас немм вина, јас давам мислење. Утре ако се покрене постапка некоја, че речам – добро, јас така мислев, ако било незаконски тој не морал да го направи, јас не сум Собрание па да го…законот да го толкувам. Јас давам мое мислење, моето мислење беше вака. Е сега прашајте си го Зврле зошто го направил тоа понатаму така. Не морал да го послуша мислењето. Мислам дека за мислење не може некој во затвор да иде за мислење, што значи и за мислење дека за 25 милиони евра не се оди во затвор, не се оди во затвор. Па уште и ако упали кај Зврле и навистина не одиме во затвор за милионите, тоа би било уште подобро – објаснуваше Миле.

Тој инсистираше дека мислењето било негово, и нема врска со некаков телефонски разговор со премиерот.

– Не е точно дека претседателот ми се јавил и ми рекол – „Миле, знаеш што ми текна…“ Нема врска тоа, креирана ви е таа мисла – дециден беше Миле.

Извор: Козаностра.нет

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести