Најголемите бранители што некогаш се родиле и живееле на овие простори, Миленко Неделковски, Александар Пандов и Тони Михајловски, со експресна реакција на информацијата дека вооружена група од Косово извршила терористички напад врз полициската станица во Гошинце, општина Липково.
Како што дознава Коза Ностра, тие утрово седеле во кафуле на Аминта Трета и се ѕвереле наоколу во обид да забележат комбиња на Странски служби, кога наеднаш се појавила информацијата за нападот. Само што слушнале, веднаш станале, не стигнале ни сметката да ја платат, и веднаш се затрчале кон џипот на Миленко, па тргнале во оф-роуд мисија за одбрана на Македонија.
– Не е само УЧК. Во мисијата се вклучени и Странски служби со комбиња, Масоните и Илуминатите, Ал Каеда, Боко Харам, ИСИС и Сатаната лично и персонално.
Извор: Коза Ностра


