Министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил објави дека за време на работниот престој во Брисел се сретнала со Јири Шедиви, извршен директор на Европската одбранбена агенција чија улога е поддршка на подобрувањето на одбранбените способности преку европска соработка.
– Ги разгледавме можностите за идна соработка на Република Северна Македонија со оваа агенција, важен столб на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, напиша министерката Петровска.
МИА
]]>


