Митко Бојмацалиев: Време е за КРАЈ!

Сите изминати години говорите негови беа во корист на самиот себе и тесна група околу него.

Говорите ништо добро и корисно не донесоа на државата и народот, имаше добро за него и тие околу него.

Тој изминатите години едно зборуваше друго паравеше она што го зборуваше го искривуваше превртуваше за пак тој да има корист и тие околу него,а не ние НАРОДОТ во кој тој толку многу се колнеше дека го сака.

Тој се нешто бараше. На крајот на изборниот ден тој добиваше но не по воља  на народот туку под притисок, измами, уцени и ред други против законски работи за пак само тој и тие околу него да имат корист,а не ние.

Тој тој тој тој тие тие тие сите изминате 10 години само тој и тие има корист и благодет, а ние ние ние ние оставме по ¼ од фамилијата што ја имаме бидејќи тој и тие не иселија, поделија, осиромашија, затворија дома, ни ѓи украдоа искрените и весели насмевки, ни ја украдоа младоста и радоста, а тој и тие сето тоа го има многу повеќе од што заслужува.

Затоа нема повеќе што тој и тие посакуваат, нема повеќе  тој и тие да уживаат, нема повеќе тој и тие да ни ја кројат судбината, бидејќи не тој и тие туку НИЕ ќе го кажеме последниот збор што тој и тие овој пат ќе добијат…

ДОСТА Е

ВРЕМЕ Е

ЗА КРАЈ!

Секоја разделба велат е тешка и тажна но ова ќе биде првата која ке биде СРЕЌНА!

Затоа на 11.12.2016 ЌЕ ПОБЕДИМЕ НИЕ,А НЕ ТОЈ И ТИЕ!

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести