Митко Бојмацалиев: Време е за ЖИВОТ во Македонија

Поминаа повеќе од 10 години на неуспешна преродба за народот,а успешнапреродбена провизија за фамилијата. Се има крај па така и она оваа преродбена провизија и останаа уште 34 дена.

Поминавме многу тешки моменти како за државата така за нашите фамилија и за нас како индивидуи. Се боревме се бориме и ќе се бориме за подобро утре за државата, за нашите семејства и за нас.

Што нуди едната, а што нуди другата страна?

Едната страна, оваа преродбената провизиска страна… Од кај да почнам, од носителите ….нуди до даска корумпирани политичари со безброј неправди кои му ги нанесе на овој народ. И пази тие почнувале… А што правеле 10 години го трчале почесниот круг? Програмата нема да ја коментирам бидејќи тие не се водат по програма туку по желба и нивна лична потреба…

Од другата страна имаме план за Македонија кој ветува ЖИВОТ  во Македонија. Има луѓе кои докажаа дека кажаниот збор го спроведуваат во целост, без никакви измени дополнувања или заобиколувања. Точно онака  како што го дале својот збор. Имаат програма со реални проекти кои и се час поскоро потребни на државата, на нашите семејства, на нас.

И не би сакал да пишувам многу бидејќи овој народ е освестен и знае, бидејќи на овој народ не му треба мудрување туку му треба ЖИВОТ во Македонија.

Сигурно дел од вас се запрашаа зошто зборот ЖИВОТ е со големи букви нели?!

БИДЕЈКИ НИЕ 10 ГОДИНИ НЕ ЖИВЕЕМЕ ТУКУ ПРЕЖИВУВАМЕ И БАРАМЕ ПОСЛЕ 11.12.2016 ДА ЖИВЕЕМЕ.

Да живее Македонија и да се живее во Македонија“

Пишува: Митко Бојмацалиев

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести