Мојс разочаран по елиминацијата од Сандерленд, виновни биле играчите

Тренерот на Манчестер Јунајтед Дејвид Мојс по синоќешната елиминација во Лига купот од Сандерленд изјави дека е разочаран и ја критикуваше играта на своите избраници.

– Не игравме добро. Иако можевме да поминеме и бевме блиску до такво нешто сепак тоа не се случи. Нас многу не чинеше грешката на нашиот голман, но тоа се случува во фудбалот. Очекував и пеналите да се изведуваат подобро, но и тука некои фудбалери потфрлија. Разочаран сум. Мораме во иднина да се подобриме. Играчите на Сандерленд заслужуваат пофалби, истакна менаџерот на англискиот шампион.

Сандерленд синоќа на пенали го победи Манчестер Јунајтед во полуфиналето на Лига купот и обезбеди финале.

Завршниот дуел Манчестер Сити – Сандерленд ќе се одигра на 2 март на „Вембли“ во Лондон.

]]>

Најчитани вести