Монако и Лил не дозволуваат ПСЖ да „избега“

Екипите на Монако и на Лил постигнаа победи на натпреварите од 16.коло во Лига 1 и со тоа двете екипи го задржаа чекорот со лидерот на табелата ПСЖ.

Монако славеше победа на гости кај Ница со 3:0, а стрелци на головите беа: Џејмс Родригез, Емануел Ривер и Лукас Окампос.

Лил ја совлада екипата на Олимпик Марсеј со 1:0, стрелец на голот во последната минута беше Нолан Ру.

На третиот натпревар одигран синоќа Нант го победи Валенсиен со 2:1.

Вечерва се играат натпреварите: Ајачио – Бастија, Генгамп – Бордо, Монпеље – Лориен, Рен – Сент Етиен, Сошо – Риемс и Евиан – ПСЖ.

Колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Олимпик Лион и Тулуз.

Табела: ПСЖ 37 бодови, Лил 36, Монако 35, Олимпик Марсеј 27, Нант 26, Сент Етиен 24,.

Најчитани вести