Затоа во изборна програма за земјоделство на Коалицијата „МОЖЕМЕ“ ги планираме следните мерки:
– Инвестирање во инсталација на сончеви панели за производство на електрична енергија за користење во наводнување на земјоделските површини Користење на обновливи извори на енергија и намалување на инвестициите за наводнување на земјоделските површини.
-Инвестирање во поттикнување на квалитетно домашно производство на семе и саден материјал и развивање потенцијал за квалитетно растително производство. Производството на семе и саден материјал ќе го задоволиме во најголем дел од сопствените потреби и ќе создадеме основа за развој на наши македонски сорти квалитетен семенски материјал.
-Иновативни инвестиции во справување со климатските промени Инвестирање во адаптација на производството кон климатски промени. Затоа ќе поддржиме финансиска помош во висина од 50% од инвестицијата за инсталирање на системите за заштита од доцни пролетни мразеви, противградобијни мрежи и современи системи за наводнување на насадите и посевите.
– Инвестирање во воведување на систем за мониторинг и прогноза на здравје на растенијата. Ќе поддржиме инсталирање на дигитални станици во секој поголем производен регион за следење на условите за појава на болести и штетници на земјоделските култури.
-Инвестирање во примена на електронски систем за следење на дрвната маса. Електронско следење на дрвната маса, од ознака на стебло за сеча, преку сите фази на производство и превоз до крајниот потрошувач. Оваа обврска ќе ја имаат сите субјекти за стопанисување со државни шуми, како и и сите правни лица регистрирани за промет на дрво.
]]>


