Мурињо: Фудбалерите се чудовишта

Фудбалерите од англиската Премиер лига се чудовишта и некогаш можете слободно да ги споредите со гладијатори поради тоа што за време на Божиќните и Новогодишните празници играат по три натпревари за само седум дена, изјави Жозе Мурињо, тренерот на Челзи.

Мурињо појасни дека споредбата со чудовишта ја направил во позитивна смисла како почит кон нивниот напор.

Португалецот изрази задоволство од вчерашната победа во дербито со Ливерпул и се осврна на спорниот момент кога гостите бараа пенал по стартот на Ето над Суарез.

– Играчите во многу ситуации се обидуваат да одглумат пенал. Суарез е фантастичен играч, сака да победи на секој натпревар, но понекогаш претерува, рече Мурињо.

Челзи вчера во последниот натпревар од Премиер лигата во 2013 година го победи Ливерпул со 2:1 и се искачи на 3.место на табелата.

Најчитани вести