МВР денеска преку својата страница на социјалната мрежа фејсбук апелираше за внимателно користење на социјалните мрежи.
“Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи…”, се наведува во апелот на МВР.
]]>


