МВР го обвинува обвинителот Коцевски дека ја искомпромитирал синоќешната акција за апсење на 7 полицајци

По еден од осомничените полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, полицијата се уште трага.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски синоќа за време на гостувањето на ТВ Телма соопшти дека пред да влезе на емисијата Топ тема бил известен дека е издаден налог и е во  тек полициска акција за приведување на нови седум полицајци, но со ограда дека нема повеќе информации дали се работи за полицајци кои за време на трагедијта во дискотеката биле на функции или  се работи за поранешни

Коцевски информацијата за полициската акција ја објави додека акцијата се уште траела, а од МВР велат дека овој потег е компромитирачки за акцијата иако од МВР и досега објавувале за медиумите дека спроведуваат акција на приведување во моменти кога истата траела.

Овој пат полицијата на Тошковски сепак го обвинува државниот обвинител дека со тоа што кажал ја искомпромитирал акцијата и еден од седуммината полицајци неможат да го најдат и да го приведат.

Најчитани вести