МЗТ чести бесплатен влез

По повод Новогодишните и Божиќните празници управата на КК МЗТ Скопје Аеродром донесе одлука, на следниот натпревар од АБА лигата против тимот на Шолнок влезот да биде бесплатен.

Мечот МЗТ Скопје Аеродром и Шолнок во рамките од 15.коло на регионалната АБА лигата е закажан за петок (3 јануари) во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 30 минути.

Од таборот на македонскиот шампион информираат и за официјализирањето на договорот со најновото засилување Сеад Шеховиќ. 24-годишниот кошаркар е висок 196см и настапува на бековската позиција. Во својата кариера бил член на тимовите на Сутор, Морнар, ЕВЕ Баскет и Шолнок. Во МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од германскиот шампионат каде што во изминатиот период настапуваше за тимот на Бајреут и за кој што просечно реализираше по 12.5 поени, 4 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

Најчитани вести