Со натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Мега Визура што се игра денеска (почеток 17 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде отворено 19.коло во рамките на АБА лигата.
Македонскиот првак по триумфот над шампионот во ова натпреварување Партизан во претходното коло има можност да постигне нова победа особено што досега на домашен терен имаат шест од осумте победи.
Покрај овој натпревар вечерва во терминот од 19 часот играат: Раднички – Шолнок, Широки – Цедевита и Задар – Крка.
Утре се играат натпреварите: Олимпија – Игокеа и Црвена Звезда – Будуќност, додека колото ќе биде комплетирано во вторник со натпреварот Цибона – Партизан.
Табела: Црвена Звезда 15-3 (победи-порази), Партизан 13-5, Цедевита 13-5, Цибона 12-6, Будуќност 12-6, Игокеа 10-8, МЗТ Скопје Аеродром 8-10, Олимпија 7-11, Мега Визура 7-11, Крка 7-11, Раднички 7-11, Широки 5-13, Шолнок 5-13, Задар 5-13.
]]>


