МЗТ Скопје домаќин на Крка

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе бидат домаќини на словенечкиот тим Крка, во натпревар од 7.коло на регионалната АБА лига. Македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе се обиде да ја прекине низата од три порази во регионалното натпреварување во дуелот против првакот на Словенија, Крка, која по шесте одиграни натпревари има половичен ефект од 3 победи и порази. Натпреварот ќе се игра во СЦ Борис Трајковски во Скопје, со почеток од 21 часот.

Покрај овој, денеска ќе се играат и натпреварите: Задар – Игокеа, Шолнок – Унион Олимпија и Цибона – Мега Визура. Во недела на програмата се дуелите, Црвена звезда – Цедевита и Раднички – Будуќност, додека 7.коло ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Широки – Партизан.

Табела: Партизан 5-1 (победи-порази), Цедевита 5-1, Црвена звезда 4-2, Будуќност 4-2, Цибона 3-3, Раднички 3-3, Игокеа 3-3, Мега Визура 3-3, Крка 3-3, Шолнок 3-3, МЗТ Скопје Аеродром 2-4, Широки 2-4, Задар 2-4 и Унион Олимпија 0-6.

Најчитани вести