Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостува во Љубљана и ќе се обиде со победа против домаќинот Олимпија да влезе во серија од три победи. Натпреварот Олимпија – МЗТ Скопје Аеродром започнува во 19 часот и е во рамките на 14.коло од региналната АБА лига.
Двојките за другите натпревари од оваа рунда се: Шолнок – Задар, Црвена Звезда – Широки, Будуќност – Крка, Игокеа – Партизан, Цедевита – Мега Визура и Раднички – Цибона.
Табела: Црвена Звезда 10-3 (победи-порази), Партизан 9-4, Цедевита 9-4, Будуќност 8-5, Цибона 8-5, Игокеа 8-5, МЗТ Скопје Аеродром 6-7, Мега Визура 6-7, Крка 6-7, Задар 5-8, Олимпија 4-9, Широки 4-9, Раднички 4-9 и Шолнок 4-9.


