На 17 ти не се колебајте, тргнете…тргнете порано зашто режимот не спие

Бриф.мк/Илин Николовски

Во недела ќе се дотераме и средиме како што личи на социјалдемократи.Ќе тргнеме накај Скопје со возила.Ако не запрат ќе слезиме во Прилеп и ќе се качиме на воз. Ако ја прекинат шината ќе продолжиме пешки. По пат ќе најдеме изморени и излажани земјоделци.Ќе тргнат и тие со нас.Ќе ги запалат тракторите и ќе не качат. Ќе се формира колона од трактори. Можеби и од комбајни не знам. Ама знам дека ќе бидеме многу. Народ не се запира. Посебно не гневен народ.Од Крушево ќе тргнеме 250 а Скопје ќе стигнеме 2.000. И уште 2.000 кои по пат ќе мафтаат и јавно ќе кажуваат дека не поддржуваат но се спречени од било која причина да дојдат.
По пат ќе подадеме рака на албанецот, србинот, бошњакот, влавот, турчинот и останатите, да ни се придружат. Да да сите ќе ги понудиме и повикаме. Ние со нив исто небо гледаме, ист леб јадеме, иста судбина делиме. Сиромаштијата не познава националност, љубовта кон татковината исто така. Или ја сакаш или не ја сакаш.Сигурни сме дека ние ја сакаме многу повеќе од нив.
Да,знам дека ќе доцниме во Скопје а можеби и ќе го пропуштиме собирот но среќни и задоволни сигурно ќе бидеме. Знаете зашто? Бидејќи ќе знаеме дека сме ја исполниле мисијата. Бидејќи ние сме народот. Бидејќи Грујо се плаши од народ. Уште повеќе се плаши од горд народ излеан на улица….сплотен народ
Затоа на 17 ти не се колебајте. Тргнете…..тргнете порано зашто режимот не спие. Тргнете и не заборавајте дека, како што надојдената вода секогаш си го пронаоѓа или си го прави коритото така и ние ќе го најдеме патот до Илинденска 2. Не очекувајте патот не е лесен. Напротив тој ќе е трнлив и поплочен со лелек и горчина. Но на 17 ти ние лелекот ќе го претвориме во победничка песна а горчината во грлато барање на оставка од ненародниот режим.
Ајде да пробаме и конечно да успееме. Последниот удар тие не се спремни политички да го преживеат. Ајде до крајот на месецот да прогласиме слободна, демократска, плуралистичка и сенародна Македонија. Македонија на секој граѓанин, Македонија на народот.

Фејсбук статус на Наум Илиески

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести