По одигрувањето на натпреварите во А и Б групите за денеска се закажани дуелите од 1.коло во Ц и Д групите на Европско првенство во ракомет во Данска.
Во Архус во рамките на Ц групата играат Србија и Полска (почеток 18 часот) и Франција – Русија (почеток 20:15 часот).
Во Д групата во Копенхаген од 18 часот играат Хрватска – Белорусија и во вечерниот термин Шведска против Црна Гора.
На дуелите од 1.коло од А групата во Хернинхг Данска ја победи Македонија со 29:21 и Австрија славеше над Чешка со 30:20.
Во Алборг во Б групата Исланд во „скандинавската пресметка“ ја победи Норвешка со 31:26, додека Шпанија славеше над Унгарија со 34:27.
Денеска во групите А и Б е слободен ден.
]]>


