Како што соопштија од кабинетото на претсеателот на државата, Пендаровски положи цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Делегации на кабинетот на претседателот, како што се наведува, денеска положија цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.
Истовремено, од кабинетот на шефот на државата известуваме дека Владата ја прифатила иницијативата на претседателот Пендаровски за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и воведување на две нови одликувања во Република Северна Македонија: Орден „Киро Глигоров“ и Орден „Борис Трајковски“.
Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.
-Иницијативата на претседателот Пендаровски за воведување на одликувања од највисок ред се посветени на поранешниот претседател Киро Глигоров и на покојниот претседател Борис Трајковски, кои со својата работа и активност, во исклучително тешки и чувствителни моменти во нашата држава, оставија неизбришлива трага. Орденот „Киро Глигоров“ и Орденот „Борис Трајковски“ ќе се доделуваат за мир и за мултикултурно општество, стои во соопштениетo.


