На денешната прес конференција на СДСМ, на која беа презентирани аудио снимки од контролата и малверзациите со изборите од страна на власта, беа присутни 20-тина медиуми, меѓу кои и Македонската телевизија. За воља на вистината, екипа на МТВ доаѓа на сите пресови од таканаречените бомби на Заев, иако од тие аудио снимки не слушнавме ниту една секунда на „јавниот сервис“.
Кога дојдоа на ред новинарските прашања, уредничката на вестите на МТВ го праша Заев дали ќе има нови снимки на прислушување на опозицијата!
А, тоа ли е работата?
Не смеете да ги пуштите гласовите на Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Латас и останатите?
А може да го слушаме Заев во разговор со неговата ќерка, со Шекеринска, со Панче и др.


