Велики петок е најтажниот ден во христијанството, денот кога Исус Христос бил распнат на крст и кога според верувањата не треба да се работи. Со оглед на тоа дека „паѓа“ за време на постот, воздржувањето од мрсна храна се подразбира.
Жените по никоја цена не смеат да допираат игла на тој ден, бидејќи се верува дека ќе им се појават плускавици на рацете.
Бидејќи на Велики петок се почитува строг пост, не се пали оган во куќата, не се готви, а тоа утро не се меси ниту леб. Сепак, некои сметаат дека најтажниот ден во христијанството е најдобриот за калемење на овошје бидејќи „се што е накалемено на тој ден се прифаќа“.
Исто така, на овој ден не се слуша музика, ниту на тој ден бијат црковни ѕвона.
Во некои краеви веруваат дека на Велики петок не треба да се јаде коприва, а старо народно верување е дека девојките кои на овој ден ќе украдат цвеќе од капијата на црквата и ноќта спроти Велика Сабота го стават под перница, ќе го сонуваат својот иден сопруг.
Исто така, се верува дека тој што ќе си ја измие косата денеска нема да го боли главоболка цела наредна година, како и дека треба малку да се исчисти куќата со метла, а потоа да се фрли таа метла, а со неа и сето зло од куќата и домаќинството.


