Во НБА лигата ноќеска се одиграа три натпревари на кои сигурни победи забележаа домашните екипи.
Сакраменто со 44 поени разлика го совлада Кливленд. Конечниот резултат е 124:80. Сан Антонио ја победи Минесота со 104:86. Најнеизвесно беше на третиот дуел на кој Мемфис беше поуспешен од Атланта со 108:101.
Седум натпревари се закажани за вечерва: Торонто – Милвоки, Бостон – Хјустон, Њујорк – Феникс, Чикаго – Вашингтон, Њу Орлеанс – Сан Антонио, Далас – Орландо и Јута – Денвер.
Пласман Источна конференција: Индијана 29-7 (победи-порази), Мајами 27-10, Атланта 20-18, Торонто 18-17, Чикаго 17-18, Вашингтон 16-19, Детроит 16-22, Бруклин 15-22,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 29-8 (победи-порази), Портланд 28-9, Оклахома 28-9, ЛА Клиперс 26-13, Голден Стејт 25-14, Хјустон 24-14, Феникс 21-15, Далас 22-16,
]]>


