Од 2 мај 2025 година, Јавната Установа Национален парк Шар Планина започнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код. Ќе се наплаќа на сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, додека ослободени од наплата се жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти и правните лица регистрирани на територијата на паркот.
Посетителите можат да платат на тој начин што ќе испратат СМС порака со категорија на возилото и број на регистрација на 144 – 555 или да го скенираат QR кодот, потоа да изберат категорија на возило и да ги внесат ги бараните податоци.

За мотор и автомобил цената е 150 денари, за комбе и минибус до 20 седишта 250 денари, автобус и тешко моторно возило 450 денари.
Тарифите важат за сите посетители кои се движат со моторни возила по дозволените патишта во Националниот парк.
Стратешките заложби на ЈУ Национален парк Шар Планина се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк.
Со праќање на СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. Стратешките заложби на ЈУ Национален парк Шар Планина се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк, стои во соопштението од НП Шар Планина.


