НАДАЛ СО НОВА СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА! После победата на Новак Ѓоковиќ ја коментираше одлуката на судот

Ситуацијата со Новак Ѓоковиќ станува вистинска сапуница. Судот на судењето кое заврши утрово по средноевропско време донесе одлука да му се врати визата на Ѓоковиќ, меѓутоа властите повторно сакаат да го депотираат – ова го потврди братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе.

Шпанскиот тенисер Рафа Надал е еден од ретките тенисери кој го нападна Новак Ѓоковиќ од самиот почеток на тортурата на австралиските власти кон српскиот тенисер.

Надал тогаш му порача на Новак дека погрешил и дека требал да се вакцинира, а сега ја коментираше одлуката на судот.

  • Спортски гледано, повеќе би сакал Новак да не игра. Но сепак судот го кажа своето и јас ја подржувам таа одлука – изјавил тој за шпанските медиуми.

Засега и покрај враќањето на визата неизвесно е дали Новак ќе може да остане во Австралија.


]]>

Најчитани вести