Не, не е точно дека Заев и СДСМ ја доведоа Македонија во криза. Има многу извештаи кои посочуваат како владеачката ВМРО-ДПМНЕ ја доведе Македонија во криза, а последниот извештај на Прибе ги сублимира основните елементи на кризата:
1. Корумпираното судство кое е под влијание на политиката.
2. Несоодветни истраги за криминал кои се прават под политичко влијание.
3. Употреба на притворот како алатка за тортура.
4. Нема соодветни контролни механизми на власта. Канцеларијата на Омбудсманот не исполнува многу елементи за соодветно извршување на функцијата и “ … Народниот правобранител се пројавува како неволен да го користи својот мандат во целост, веројатно затоа што балансира помеѓу тоа да не ја вознемири премногу владејачката гарнитура во врска со определени случаи и неговата способност да спроведува истраги во помалку политизирани случаи.“ “Народниот правобранител не пристапува систематски кон разоткриените потенцијални прекршувања на човековите права, иако, настрана од очигледниот политички притисок (директен или индиректен), ништо, теоретски, не го спречува него да делува силно на откритијата како вистински надзорен чувар на поредокот.“
5. Дирекцијата за заштита на личните податоци “… не е поактивно ангажирана во истражување на очигледниот недостиг од заштита на личните податоци, потенцијалното несоодветна и неконтролирана регистрација на телефонски броеви, како и инвазија на правото на приватност преку потенцијално неавторизирано следење.“
6. Низа нерегуларности во изборите, политизирана Комисија за избори, директна политичка изборна манипулација, нетранспарентно финансирање на партиите, употреба на државни пари за изборни активности.
7. Во 2014 најниско рангирана во однос на слободата на медиумите, медиумите не можат да ја извршат својата функција, нарушување на правото на информирање, мешање на политиката во медиумите, задушување на дебатите и критиките.
Ова покажува дека имало криза која се развивала и метстазирала.
Против злоупотребата на власта и насилното рушење на политичкиот систем се изјаснија граѓаните на бројни начини и во голем број. На граѓаните им се придружи СДСМ и како политичка партија понуди излез од кризата во одржување предвремени парламентарни избори под услов тие да бидат организирани на начин кој ќе обезбеди слободно искажување на волјата на граѓаните.
Тоа значи, не било какви избори, туку фер и слободни. А за да има фер и слободни избори мора да се исполнат одредени услови. Во моментов тие услови не се исполнети.
Милошоски, не е глуп човек. Тој многу добро го разбира сето ова. Меѓутоа свесно го извртува. Тоа го прави валкан и неморален политичар.
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска


