Најчевска: Тие што се уплашија од пратениците во скафандери се истите што не излегоа од кафеаните

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил ја искоментира актуелната ситуација со двајцата пратеници позитивни на ковид-19 кои гласаа на 32. и 36. седница во Собранието.

– Овие што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците кои дојдоа да гласаат во скафандри се истите оние кои си се гушкаат по штабови, се муваат по улици на протести и не излегоа од кафаните, и, лижат лажичиња по цркви, и слават родендени, и се туткаат низ самопослугите и …?
Тоа се истите тие кои не дозволија ни да се размислува за електронско Собрание и гласање?
Оние кои измислуваат начини Собранието да не функционира?
Оние кои поднесуваат илјадници амандмани кои немаат ни основа ни смисла, ама им личат на нешто што треба да го прават?
Која срамота бре и која мизерија да присилите болни луѓе да доаѓаат за да може да се одвива работата на Собранието. Па уште да се фрлате у неола и да мафтате со закони и Устав и као нешто ептен сте биле загрижени за здравјето. Неписмена багра, напиша Најчевска.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести