Најдоцна до мај ќе добиеме вакцини од KOВАКС програмата, објавена е листата на земји од првиот бран за дистрибуција

Иако се уште не е ажуриран точниот период, сепак Северна Македонија е на листата на земји што ќе добие вакцини во првиот бран, т.е. најдоцна до мај, годинава, од „КОВАКС“ програмата.

До крајот на неделата треба да се ажурира точниот период, но според листата Северна Македонија треба да добие 100.800 вакцини од „АстраЗенека“ од „КОВАКС“ програмата. (Погледнете ја листата на следниот линк).

„КОВАКС“ денеска објави дека до крајот на мај ќе достави 237 милиони дози вакцини „АстраЗенека“ против Ковид 19 во 142 земји.

Временската рамка за испорака на дозите од вакцината произведена од „АстраЗенека“ ќе биде поделена на два двомесечни периоди, се вели во соопштението на „КОВАКС“, од кои првиот ќе биде во февруари-март, а вториот април-мај.

„КОВАКС“ додава дека покрај првиот круг на имунизација со вакцините „АстраЗенека“ се предвидува дека околу 1,2 милиони дози и од вакцина „Фајзер“ против Ковид 19 ќе бидат доставени во првиот квартал од оваа година, пренесува Ројтерс.

Иако кампањите за вакцинација беа на глобално ниво, најголемиот дел од вакцините ги „собраа“ побогатите земји, додека многу земји сè уште не стигнаа до ниту една единствена доза.

Целта на програмата „КОВАКС“ е да се обезбеди правичен пристап до вакцините Ковид-19, а денеска е објавена листата на земји што ќе добијат вакцини најдоцна до мај, според планот за првиот бран на дистрибуција.

Петте најголеми потврдени приматели се Пакистан (14.640.000 дози), Нигерија (13.656.000), Индонезија (11.704.800), Бангладеш (10.908.000) и Бразил (9.122.400).

По нив следуваат Етиопија (7.620.000), Демократска Република Конго (5.928.000), Мексико (5.532.000), Египет (4.389.600) и Виетнам (4.176.000).

Иран, Мјанмар, Кенија и Уганда, исто така, ќе добијат повеќе од три милиони дози.

Ковакс е ко-предводен од Светската здравствена организација (СЗО). Програмата има цел да дистрибуира доволно дози за да се вакцинираат до 27% од населението во 92-те најсиромашни економии учеснички до крајот на годината, со најмалку 1,3 милијарди дози.

Гана, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Кореја, Индија и Колумбија веќе ги добија своите први испораки на вакцините преку „КОВАКС“.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести