„Најк“ и „Адидас“ во војна за Манчестер

Англиските медиуми најавија „војна“ меѓу светски познатите производители на спортска опрема „Најк“ и „Адидас“ поради Манчестер Јунајтед.

На актуелниот првак на Англија договорот со „Најк“ му истекува следното лето поради што клубот од „Олд Трафорд“ веќе почна да размислува за понудите, а освен американскиот производител, интерес за влез во „Манчестер“ пројавија „Адидас“, „Пума“ и „Вариорс“.

Првичните информации говорат дека „Најк“ е фаворит број 1, но сериозен конкурент станува „Адидас“ кој е се позастапен на европскиот пазар.

Очекувањата се Манчестер од новиот договор да добие 70 милиони фунти, што и натаму го прави еден од најголемите спортски брендови и покрај резултатската криза во последно време.

]]>

Најчитани вести