Најмалку 64 лица загинаа во поплавите во Шпанија, прогласена тридневна жалост

Најмалку 64 лица загинале во катастрофалните поплави во Шпанија. Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, што ќе започне утре и ќе трае до сабота.

Поројните дождови ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваа граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите патувања, доколку е можно.

Големите поплави ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија, а поројните дождови предизвикаа хаос на патиштата. Службите трагаат по неколку исчезнати лица и работат на евакуирање на загрозеното население.

Поројните дождови ги предизвикала олуја, каква што не се памети во регионот од 1980 година.

Најчитани вести