НОВИНАРСКИ ПИР
На 15 април, се сторија 52 години од моето новинарско деби.. И што осознав. Најнапред, ја вкусив вистината дека новинарскиот леб е исклучително горчлив, но духовно хранлив. Најтрагичното е во фактот дека новинарите, всушност, ги јадат новинарите.
Најпрождрливи, со притаен, но болен апетит, се оние кои имаат неизлечива професионална фалинка. Вистински подлеци се оние, божемни колеги, чие новинарско перо ги нема творечките сокови. Оние новинари на кои новинарското петле никогаш не им пропејува.
Во 1988 год. група, новинарски мерено, полуписмени багри, главно од ,,Нова Македонија,, по година ипол попусти обиди, со помош на политички медиокритети, дефинитивно им појде од рака да ме сменат од уредничкото кормило на ,,Вечер,,во време кога гласилото бележеше високи тиражни ефекти. Во рамките на југословенското новинарско издаваштво, забележа процентуално највисок тиражен скок. Но, за да ме принудат да ја напуштам и редакцијата, таа раководна глутница од човечки изроди (директори, главни уредници во НИП-от) со забележлив професионален хендикеп, личниот доход од највисокото скалило, предвиден за главен и одговорен уредник ми го симнаа на ниво на новинар-приправник. Ете тие главосечи, вечно скриени зад превезот ,,раководен естаблишмент,, набргу станаа и погребни лопати на НИП ,,Нова Македонија,,. Го разгромија најелитниот новинарски универзитет со редок пиетет граден од АСНОМ-ски денови. ,,Новинарите,, јадат новинари. Кога не би било така, не ќе се случуваа овие прогони, како и последниот на новинарите од ,,Телма,,, што може да се нарече ,,новинарски пир,,. А и солидарноста е фалинка во професиоалното поведение.
Фејсбук статус на Бошко Нацевски


