Ослободете ја вашата градина и дом од поситни и покрупни штетници со пестициди кои можете да ги направите во својот дом од едноставни состојќи и тоа за само 5 минути.
Овие мешавини кои ви ги предлагаме се сосем природни, еко- пријателски опции, и се ефективни како и индустриските пестициди. Целта е да вашиот дом и градина бидат здрави, но по можност без тешки хемикалии вклучени во целата приказна.
Природни опции и решенија секогаш постојат. Одговорот на сите проблеми можете да го пронајдете во природата. Добрата работа е што секојдневно се шири армија од луѓе, кои макотрпно работат на тоа да ги запознаат тајните на природата. Придружете им се и вие, овој пат направете свои природни пестициди, кои ќе ви помогнат да се решите од штетниците, кои ги напаѓаат вашите растенија ,билки …

Бел лук
Спреј од бел лук е еден од најпознатите природни пестициди. Во 1 литар вода исецкајте десет чешниња бел лук (можете да додадете и 1 лажица чили пиперка). Ставете да се вари, откако водата ќе зоврие намалете ја температурата и оставете 15 –тина минути да поврие. После тоа тргнете го тенџерето од шпоретот, поклопете го и оставете го природно (потполно) да се олади. Течноста исцедете ја и сместете ја во шише со прскалка. Па слободно можете да ги попрскате растенијата во вашата градина. Овој спреј може да издржи (рок на траење) 10 дена, доколку го чувате во фрижидер.
Босилек
За овој спреј потребно ви е: 4 чаши вода, 1 чаша свеж или 2 лажици лисја од сушен босилек и една лажица течен детергент (сјај) за миење садови.
Во поголем сад се става водата да зоврие, додадете ги листовите од босилек и оставете да се готви 3 минути. Кога ќе биде готово само поклопете го садот и оставете смесата природно да се излади. Откако ќе се излади додадете го течниот детергент на смесата па потоа сместете ја во шише со прскалка.
Ова е многу ефикасен пестицид против вошки на лисјата на растението.

Сол
Растворете две лажици сол во 5,7 литри вода. Оставете го да одстои пет минути. Оваа смеса можете да ја користите против гасеници, црви, пајаци и слични инсекти.
На сличен начин можете да користите и горка сол и тоа против црни дамки и дамки на листовите , мувла и слични оболувања. Растворете 60 грама горка сол во 7,5 литри вода и применете ја смесата на растенијата.
Извор: Агроалтернатива


