Адвокатот доделен по службена должност достави поднесок до судот дека Груевски е помилуван и оти не може да одговара во овој случај. Тој се повика на помилувањето од страна на поранешниот претседател Иванов.
Судењето се одложи за 17 септември поради промена на адвокатот на еден од обвинетите. На барање на адвокатот со цел да се запознае со предметот, па судијата Душан Јосифов го одложи рочиштето.
Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.
Поранешниот премер Груевски при почнувањето на овој судски процес по вторпат тврдеше дека не разбира за што е обвинет. Побара прочистен текст за да може да се произнесе. Ваквиот став следуваше откако обвинителката Фетаи, на стартот од судењето за насилството во општина Центар изврши технички корекции во текстот на обвинителниот предлог, каде додаде дека двајца од инволвираните признале вина и се веќе осдуени, а за едно лице се раздвоила постапката. Судењето почна по втор пат заради промена на судијата а првообвинет, според обвинението е токму Никола Груевски затоа што за да ги зашти бизнис интересите кои биле загрозени со евентуалната промена на Деталните урбанистички планови, побарал од Јанакиески, да организира пред општина Центар да се соберат партиски поддржувачи и да извршат грубо насилство за време на протестите во 2013-та година. За реализација на планот, помогнале и тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ од кои двајца признаа вина и добија условни казни.
Од „бомбите“ што своевремено ги објави СДСМ и поради кои СЈО го започна процесот се слуша како поранешниот премиер Никола Груевски, нарачува прво „пет – шест шамари“, па потоа „три-четири јаки“ и го планира целото сценарио. Тој потоа беше помилуван од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов.
]]>


