Наскоро Јавен повик за Мерка 3 од ИПАРД – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”

Во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Ова е исклучителна можност за нашите претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на пазарот.

Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” овозможува:

• поддршка за модернизација на преработувачки капацитети;

• инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи;

• усогласување со стандардите на ЕУ;

• зголемена конкурентност на земјоделското производство и земјоделско – прехранбениот сектор.

Средствата се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).

Ги повикувам сите заинтересирани да започнат со подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Заедно градиме конкурентно македонско земјоделство!

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести