Десетина новооткриени песни на починатиот американски музичар Џони Кеш, кои се снимени пред 30-тина години, ќе бидат објавени следната година како музички албум.
Албумот „Out Among the Stars“ со 12 песни ќе биде објавен на 25 март, а две од нив ги напишал самиот Кеш.
Песните се снимени од 1981 до 1984 година за „Колумбија Рекордс“ во Нешвил, меѓутоа оваа компанија одлучила да не ги објавува, а потоа и ја прекинала соработката со Кеш.
Снимките се пронајдени минатата година, кога синот на Кеш заедно со експерти подготвувал каталог за неговите песни.
Џони Кеш почина во 2003 година на 71-годишна возраст


