НБА: Мајами поразен на гостувањето кај Сакраменто

Бранителот на шампионскиот трофеј во НБА лигата, тимот на Мајами ноќеска загуби на гостувањето кај Сакраменто по продолжение со 108:103, откако во основните 48 минути беше нерешено 89:89. Ова за „жешките“ беше седми пораз сезонава по што имаат две загубени средби повеќе од тимовите со најдобар биланс на „Исток“ и на „Запад“.

Резултати на другите осум ноќешни натпревари од најсилната светска кошаркарска лига: Шарлот – Оклахома 85:89, Орландо – Детроит 109:92, Бруклин – Милвоки 104:93, Њујорк – Торонто 83:95, Минесота – Вашингтон 120:98, Њу Орлеанс – Денвер 105:89, Јута – ЛА Лејкерс 105:103 и Голден Стејт – Феникс 115:86.

Вечерва се играат 12 натпревари: Бостон – Кливленд, Индијана – Бруклин, Торонто – Њујорк, Вашингтон – Детроит, Атланта – Шарлот, Чикаго – Далас, Хјустон – Њу Орлеанс, Мемефис – Денвер, Милвоки – Минесота, Феникс – Филаделфија, Портланд – Мајами и ЛА Клиперс – Јута.

Пласман Источна конференција: Индијана 23-5 (победи-порази), Мајами 22-7, Атланта 16-13, Шарлот 14-16, Вашингтон 12-14, Детроит 14-17, Торонто 12-15, Бостон 12-17,…

Пласман Западна конференција: Портланд 24-5, Оклахома Сити 24-5, Сан Антонио 23-7, ЛА Клипрес 20-11, Хјустон 20-11, Феникс 17-11, Голден Стејт 18-13, Далас 16-13,…

Најчитани вести