Во најсилната светска кошаркарска лига ноќеска се одиграа 13 натпревари, а шампионт Мајами веќе вторпат е поразен во само третиот настап од сезоната 2013/14.
Прва сезонска победа оствари Атланта за која настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ кој ги постигна првите пет поени во својата НБА кариера.
Постигнати беа следнива резултати: Шарлот – Кливленд 90:84, Орландо – Њу Орлеанс 110:90, Вашингтон – Филаделфија 102:109, Атланта – Торонто 102:95, Бостон – Милвоки 98:105, Бруклин – Мајами 101:100, Хјустон – Далас 113:105, Мемфис – Детриот 111:108, Минесота – Оклахома 100:81, Денвер – Портланд 98:113, Феникс – Јута 87:84, Сакраменто – ЛА Клиперс 101:110 и ЛА Лејкерс – Сан Антонио 85:91.
Вечерва се играат осум дуели: Индијана – Кливленд, Филаделфија – Чикаго, Њу Орлеанс – Шарлот, Далас – Мемефис, Милвоки Торонто, Јута – Хјустон, Портланд – Сан Антонио и Голден Стејт – Сакраменто.


