Еден од новооткриените станови на бегалецот Никола Груевски на улица Павел Шатев (Бихаќка) во Скопје, покрај постоечките два на име на мајка му Надежда, е на име на поранешна негова секретарка Т.С., дознава САКАМДАКАЖАМ.МК .
Друг стан во истата зграда, за кој исто така денеска истражители вршеа претрес, е на име на фирма „ИКТ Инженеринг“.
Вкупно четири стана, два на име на мајка му, на секретарката и на фирмата, биле со последователни броеви. Биле еден до друг. Два од нив се споени, дознава СДК од станари, и зафаќале цел агол од зградата – комплекс на Бихаќка.
Повеќе на линкот: Сакамдакажам
]]>


