Јас не го сметам Вајгл за пријател на мојата држава.
Пријател на фашистичката власт, можеби.
Рамнодушен кон она што се случува со граѓаните под диктатот на криминалци, можеби.
Ама пријател? Не.
Не господине Вајгл кој надмено изјавувате дека не примате лекции за своите јавни настапи од било кого (што само по себе е глупост, бидејки ако некој е поборник на демократските пронципи тогаш мора да прима лекции барем од оние кои го гласаат), не се работи овде за тоа кој е крив. Се работи за тоа дали сакате да препознаете големо кршење на човековите права или не. Се работи за тоа дали можете да препознаете фашистичко владеење или не. Се работи за тоа дали повеќе ви одговара владеењето на Груевски или друга опција, која подразбира барем минимално почитување на европските стандарди.
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска


