Деновиве ќе сведочиме за најмизерниот квазипатриотски пропаганден конструкт за оддржување на “големината” на Груевски.
Нека му каже некој на Груевски дека не е Ченто !
Ниту е политичка жртва, ниту е патриот, ниту пак ќе го судат за Македонија !
Тој е од калибарот на оние кои се бореа против исконските идеи на Ченто и оние кои го судеа !
Нека се погледне во неговото комунистичко огледало за да се увери дека е така.
Неговото политичко лицемерие за некаква “патриотска понуда” е всушност, неговиот најкукавички чин со кои јасно промовира шовинизам и поделби, наспроти Македонија – како држава на еднакви и слободни граѓани без разлика на етничка, верска, политичка и друга припадност!
Подгревањето на манипулациите и лагите за предавства, поделби и рекомпонирања на државата, војни и сл., се резултат на нивната ментална проекција за пропагандна одбрана на оние кои криминалот и одговорноста сакаат да го прикријат со “патриотизам”.
Одговорноста за подгревањето на бајатата шовинистичка манџа кој се обидоа да ни ја сервираат неколкупати до сега е нивна и нека не се кријат зад граѓаните, членството и разни иницијативи.
Барем за Прочка, помислив дека, од МПЦ ќе го потсетат на ставот на Г.Г Михаил кога ’97 година им кажа дека, тој што им ги смислил паролите за протестите, не им мисли добро ниту на нив, ниту на Македонија !
Затоа …
Бегството од одговорноста за криминалот не може да биде национален интерес за кој некој треба да се бори, а одговорните најмалку можат да се прикажуваат како политички жртви !
Фејсбук статус на Фросина Ременски


