„Во 2017 година парламентот утврди 5 потпретседатели, а се пополнија четири. Сега имаме утврдено бројка од 5 потпретседатели, и тоа е бројка не значи дека сите потпретседатели ќе бидат пополнети. Прво нашата земја ја користи оваа функција заради столбот на демократијата парламентот кој е најважна институција. Ние сме мултиетничка земја, сакаме да имаме застапеност на сите. Оваа проблематика што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ е само собирање политички поени на лажна основа. Вкупно се утврдија 5 потпретседатели, тие не мора да бидат утврдени до крај. Еве, ја испраќам пораката – нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник за потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ и, еве, ќе имам три потпретседатели. Но, Деловникот вели дека најголемата опозициска партија има еден потпретседател. Ова го кажувам за да ѝ е јасно на јавноста дека ова е собирање политички поени на нечесен начин. За бројот на потпретседатели допрва ќе одлучува македонското Собрание“,порача Заев.
ВМРО-ДПМНЕ вчера побара да се тргне од дневен ред предлог-одлуката за одредување на бројот на потпретседатели, критикувајќи дека пет потпретседатели се непотребен трошок на државата и служат само за да се задоволат коалициските страсти.
Извор – 360 степени
]]>


