Пред извесно време, Јелена Карлеуша ѝ подарила примерок од својата линија парфеми и на Вики Миљковиќ, со порака да ѝ го предаде на нејзината кума – Цеца Ражнатовиќ. Тој потег предизвика бурни реакции кај публиката за време на емитувањето на емисијата „Амиџи“, а социјалните мрежи буквално се „вжештија“ во тој момент со коментари и шпекулации.
Сепак, иако настанот привлече големо внимание во јавноста, до ден денес не е познато како Цеца реагирала на овој подарок, ниту дали Вики воопшто ѝ го дала парфемот. Оваа мистерија дополнително го разгоре интересот на јавноста, па затоа сè уште се шпекулира дали станува збор за обид за помирување, провокација или само маркетиншки потег што останал без епилог.

Сега оваа ситуација ја разоткри пријателот и фризер на Ражнатовиќ, Стеван Радивојевиќ.
– Кога ќе влезете во бањата на Цеца, немате каде да го ставите вашиот парфем. Сигурно нема место за Јелена, а нема ни место Јелена да ѝ испрати некој друг. Значи, нема место за парфеми кај Цеца. Нека му го даде парфемот на некој друг, не ми го праќајте ни мене затоа што нема место за нејзиниот парфем ниту кај мене – изјавил Стеван Радивојевиќ за домашните медиуми!
Сепак, пред три месеци, Вики дипломатски одговори и кога ја прашаа дали ѝ дала подарок на Цеца од Карлеуша.
– Не, не сум ја видела Цеца долго време. Се занимавам со свои животни теми. Го пробав парфемот веднаш во емисијата, добар е – заклучи таа, објави Курир.рс.


