Нема преговори, нема избори, фала Богу!

Да, господине Заев, тоа е добро решение, мислам на вашиот став повеќе да не седнувате на масата за преговори со злосторниците.
Благородноста на вашата мисија беше евидентна и денеска е евидентна, но времето очигледно бара квалитет плус, можеби, грубост, не знам, некаква категоричност во епскиот судир, зашто таков е нашиот конфликт, со злото.
Со кое не се преговара во принцип ( види: Како поинаку да се именува злосторството од
Златко Теодосиевски) оти ако се преговара се уништува сопствената позиција, нашето зло не е зло со кое понекогаш може да се најде некаков компромис, нашето зло не поклопува и нас не нема ако седиме на преговарачката маса и не мрдаме.
Вашата одговорност не е политичка, таа е историска.
Но, и оваа, задоцнета радикализација во вашиот став не е доволна. Вие испорачувате сериозни очекувања од таканаречениот Уставен суд кој е Уставен суд на злото. Да не се дрзне да го укине Специјалното јавно обвинителство. Има во тој став и благороднст, но и опортунизам од најлош можен вид.
Нема што тоа змијско гнездо да се дрзнува или да не се дрзнува, хоризонтите на нашите очекување ние не ги формулираме спрема него туку против него, Уставниот суд е неуставен, тоа треба да го кажете и да го повикате народот не за повисока минимална плата туку во обнова на уставноста односно во обнова на државноста и на државата.
Ако народот сака, ако не сака пратете го у пизду материну!

Фејсбук статус на Бранко Тричковски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести