Нема проблем при откупот на тутунот, тврдат од Државниот земјоделски инспекторат

По еден месец од почетокот на откупот на тутунот од ланската реколта, откупени се околу 9 илјади тони тутун, а просечната откупна цена за килограм е 118 денари. Цената е одраз на послабиот квалитет на родот кој, што, пак, се должи на зголемената концентрација на влага во него. Според проценката на директорот на државниот инспекторат  за земјоделство, Румен Стаменов, откупот се одвива мирно, а и откупната динамика е во рамките на предвиденото.

– Откупот се одвива доста мирно, во рамките на Законот и проценката се врши согласно мерилата. Досега, во Република Македонија од договорените количини откупени се 36 проценти за само 22 работни дена. За останатите 43 работни дена до петнаесетти март, треба да се откупи остатокот. Сметаме дека имаме доволно простор и доволно време, да се откупи целокупниот договорен род – рече Румен Стојменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести